Неаполско Кралство
Кралство Неапол (латински: Regnum Neapolitanum; италијански: Regno di Napoli), исто така познато како Кралство Сицилија, — држава што владеела со делот на италијанскиот полуостров јужно од Папската Држава помеѓу 1282 и 1816 година. Основана е со сицилијанската војна (1282–1302), кога островот Сицилија се побунил и бил освоен од Круната на Арагон, станувајќи посебно кралство наречено и Кралство Сицилија. Во 1816 година, таа повторно се обединила со островот Сицилија за да го формира Кралството на двете Сицилии.
Кралство Неапол | ||||||
Regno di Napoli (Италијански) Regnum Neapolitanum (Латински) | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Територијата на Кралството Неапол во 1454 г.
| ||||||
Главен град | Неапол | |||||
Јазици | Латински Италијански Неаполитански | |||||
Уредување | Кралство | |||||
Крал | ||||||
- | 1282–1285 | Карло I Анжујски (прв) | ||||
- | 1815–1816 | Фердинанд I од Двете Сицилии (последен) | ||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1282 | ||||
- | Основано Кралство на двете Сицилии | 8 декември 1816 | ||||
Територијата на Кралството Неапол одговарало на сегашните италијански региони Кампанија, Калабрија, Апулија, Базиликата, Абруцо, Молизе и вклучувало и некои области на денешниот јужен и источен Лацио.