Наташа Ковачевиќ (Белград, 20 мај 1994) — српска кошаркарка. Играч на крилната позиција и игра речиси во сите репрезентации. Тешката сообраќајна несреќа привремено ја прекинала нејзината играчка кариера, па и покрај ампутацијата на ногата таа се вратила на паркетот како кошаркарка на Црвена звезда. По завршувањето на нејзината играчка кариера, таа станала претседател на овој клуб.

Наташа Ковачевиќ

Играчка кариера уреди

Кариерата ја започнала во Партизан во 2008 година и таму играла до 2010 година. Со Партизан го освоила второто место во српското првенство.

Во јануари 2010 година се преселила во Вождовац, со кој играла и во Јадранската лига. Поради финансиските проблеми на Вождовац, во јануари 2013 година преминала во Црвена звезда. За Звезда имала просек од 16,6 поени, 6,6 скока и 2,4 асистенции, што било нејзина отскочна даска за потпишување на првиот странски ангажман со унгарскиот тим Ѓер.[1]

Несреќа уреди

На 07.09.2013 година заедно со целиот тим на Гер доживеале тешка сообраќајна несреќа. Во несреќата загинале тренерот на тимот и генералниот директор, додека на Наташа поради последиците од несреќата и бил ампутиран долниот дел од ногата.[2] Набргу по несреќата, целата српска јавност сакала да и помогне на младата кошаркарка. Помош дала и Француската кошаркарска федерација.[3] Поранешниот кошаркар на Црвена звезда Зуфер Авдија пронашол соодветна протеза во Израел[4], а само два месеци по несреќата, Наташа повторно можела да шутира на кошот.

Враќање на паркетот уреди

По неколкумесечниот тренинг со кошаркарите на Црвена звезда и добиените дозволи од ФИБА и КСС за да може да продолжи да игра со протезата, Ковачевиќ потпишала договор со Црвена звезда.[5]

Репрезентативна кариера уреди

Настапувала во речиси сите јуниорски репрезентации. За кадетската селекција се натпреварувала трипати (2008, 2009 и 2010 година) на ЕП. Со јуниорската селекција настапувала две години (2011 и 2012 година). Со јуниорската репрезентација освоиле бронзен медал на Европското првенство во 2012 година. Со селекцијата до 19 години таа учествувала на СП 2013 година.

Друго уреди

 
Наташа Ковачевиќ, добитничка на наградата „ Про-Фемина 2016 “.

По сообраќајна несреќа и привремениот прекин на играчката кариера, Наташа се посветила на хуманитарната работа. Таа ја основала Фондацијата под свое име, чија цел е да им помогне на младите спортисти и нивното образование.[6]

Таа е избрана за младински амбасадор на Европската филијала на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) во 2014 година.[7]

Францускиот претседател Емануел Макрон и доделил „Орден на витези на националниот ред“ во 2021 година за признатиот спортски ангажман од највисоко ниво и покрај сите лични проблеми и изразената поддршка на младите спортисти кои имаат потешкотии.[8]

Мајката на Наташа е Наталија Бачановиќ, поранешна кошаркарка која со Црвена звезда го освоила Купот на европските шампиони во 1979 година нејзиниот татко е Вукашин Ковачевиќ, поранешен ракометар.

Наводи уреди

  1. „Наташа Ковачевић и Милица Ивановић каријеру настављају у Ђеру“. kosarka24.rs. 12. 7. 2013. Архивирано од изворникот на 28. 10. 2014. Посетено на 28. 10. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  2. „Велика трагедија, морамо да помогнемо Наташи“. sportske.net. 8. 9. 2013. Архивирано од изворникот на 28. 10. 2014. Посетено на 28. 10. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  3. „Moja francuska porodica“. cordmagazine.com. 11. 7. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Поново ће стати на ноге“. srbin.info. Посетено на 28. 10. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Наташа Ковачевић поново у Звезди и на паркету“. www.kkcrvenazvezda.rs. 4. 11. 2015. Архивирано од изворникот на 07. 11. 2015. Посетено на 4. 11. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  6. „Помоћ спортистима: Наташа Ковачевић основала фондацију“. Курир. Посетено на 13. 3. 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. https://www.vesti-online.com/natasa-kovacevic-ambasador-fiba/
  8. https://www.rts.rs/page/sport/sr/story/37/kosarka/4229271/orden-viteza-nacionalnog-reda-francuske-natasa-kovacevic.html

Надворешни врски уреди