Народни носии од Серско

Народните носии од Серско биле носени во областа околу Сер, Валовишта, Долна Џумаја, Зихна, идр. предели во серскиот крај.

Музејски примероци на носии од с. Фраштани, Серско (мрвачко)
Музејски примероци на носии од с. Фраштани, Серско (мрвачко)

Машките носии уреди

Мажите на полето главно носеле црни облеки. Носеле панталони „беневрети“, од волнен материјал, како во Солун, Кукушко и други места. На грбот носеа памучна кошула, а одозгора елек со ракави или без. Одозгора носеа црна облека до колена украсена со гајтани. На потколениците имаа тузлуци, какви што се носеа на многу места во Македонија. На главите носеа мал фес со голема црна киска, а на половината долг црн волнен или памучен појас. [1]

Женските носии уреди

Жените носеле долги кошули, често извезени со црвени или сини конци. Над кошулите носеле антерии од домашно ткаена памучна ткаенина. Половината ја опашувале со ремени, ткаенини на памучна основа. Најубавото нешто во женската облека беше скутината „прегач“, која била широка, изработена од волнен материјал и украсена со шари кои беа во форма на дијаманти, квадрати или скршени линии. На главите носеа мали фесови, врзани со крпи, а одозгора шамии, кои не беа цврсто приврзани, туку слободно им паѓаа преку рамениците. Во зима носеле купаран/ферман, кратка облека обложена и украсена со јагнешка и лисичја кожа која била до половината. [1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 К'нчов, Васил (1896). Патуване по долините на Струма, Места и Брегалница ; Битолско, Преспа и Охридско. Софија. стр. 15 и 16.

Надворешни врски уреди