Народна демократска партија

Народна демократска партија (НДМ) (албански: Partia Demokratike Popullore (PDP)) — поранешна македонска политичка партија на етничките Албанци со седиште во Тетово.

Народна демократска партија
ВодачИлијаз Халими
Генерален секретарИбрахими Бедредин
Основана1 август 1990
ШтабТетово
ИдеологијаЗаштита на правата на Албанците
Боицрвена, црна

Историја уреди

Основачкото собрание на партијата се случило во јули 1990, а партијата била регистрирана на 1 август истата година. За претседател на партијата бил избран Илијаз Халими, а за генерален секретар бил назначен Ибрахим Бедредин. Партијата за првпат учествувала на парламентарните избори во 1990 година, додека Македонија сè уште била дел од Југославија. Самостојно, партијата освоила 0,4% од вкупниот број на гласови во првиот, односно 0,5% од вкупниот број на гласови во вториот круг, освојувајќи едно пратеничко место во Собранието.[1] Во некои подрачја партијата настапила во коалиција со ПДП, освојувајќи пет пратенички места.

На парламентарните избори во 1994 година партијата го зголемила бројот на гласови на 3% од вкупниот број на гласови, освојувајќи четири пратенички места.[1] Во 1997 НДП се споила со Партијата за демократски просперитет, со тоа формирајќи ја ДПА[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p1282 ISBN 978-3-8329-5609-7
  2. Democratic Party of Albanians, DPA Balkan Insight