Надвозникмост над вкрстувањето на две сообраќајници (патнички или железнички) со кој едната сообраќајница, крената над земјата, се преведува над другата, која лежи на нивото на земјата.[1][2] Со тоа се овозможува непречен сообраќај на двете сообраќајници.[3]

Надвозници близу Барселона

Надвозник е всушност дел од патот што поминува над патишта, пруги, пешачки патеки или велосипедски патеки. Градбата каде поминува патот под надвозникот се нарекува подвозник.

Во случај на надвозници, важна особеност е дозволеното оптоварување или тежина што треба да се напише на сообраќајниот знак пред надвозникот. Дозволеното оптоварување е важно за возилото да не го оштети надвозникот со својата тежина.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „надвозник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „надвозник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „nadvožnjak“. Hrvatska enciklopedija, mrežno izdanje. Leksikografski zavod Miroslav Krleža, 2021. Посетено на 13 јуни 2021.