Нада Стефановска (Битола, 1927Скопје, 1984) – македонска глумица.[1]

Нада Стефановска
Родена 1927
Битола
Починала 1984
Скопје
Националност Македонка
Позната по улогата на: Петруњела во Држиќевиот „Дундо Марое“
Занимање глумица
Роднини Мирко Стефановски (сопруг)
Деца Горан Стефановски (син)
Влатко Стефановски (син)

Животопис уреди

Нада е родена во 1927 година во Битола.

Својата глумечка кариера ја започнала многу рано во Народното позориште во Крагуевац, а ја продолжила во Народниот театар во Битола каде останува до 1955 година и каде во 1952 година го добива синот Горан.

Од 1955 до 1961 година работи во Народниот театар во Прилеп каде бележи многу плоден период. Во 1957 година го добива синот Влатко.

По преселувањето во Скопје извесно работи како член на Драмското студио на Радио Скопје.

Наводи уреди

  1. Нада Стефановска на семрежното место на Old Prilep