Муќкалица (јадење)

Муќкалица — главно јадење, составено од месо и е дел од српската кујна. Различни рецепти се дел од локалните кујни во јужна Србија (Лесковац, Шар Планина од Косово, Топлица).[1] Главната одлика на ова јадење е дека месото пред подготовка на јадењето мора да биде испечено на скара.[2] Месото се посолува и се сече на крупни коцки. Може да се направат и раженчиња на стапче и да се испечат на скара.[3]

Муќкалица
Муќкалица
Место на потеклоШар Планина од Косово, Топлица,  Србија
Температура на послужувањетопла
Главни состојкимесо, зеленчук, зачини

Подготовка на јадењето уреди

Парчињата месо од скарата може да се завиткаат со сланина или сланината може посебно да се испече и подоцна да се додаде во зеленчукот. Исечканиот кромид се динста на масло и кога ќе се испржи се додаваат сечканите пиперки, домати и сечканиот лук. Се додава месото, се прелива со малку вода и се динста додека зеленчукот не стане компактна смеса. Се зачинува и замастува по вкус.[4]

Според некои рецепти, доматите треба претходно да се излупат, а пиперките да се потпечат и исто така да се олупат. На крајот од готвењето, муќкалицата се запечува во рерна неколку минути.[5]

Лесковачка муќкалица[6] уреди

  • свинско месо, 650 гр
  • 2 главици кромид
  • 1 дл масло
  • сол
  • бибер
  • 2 лути пиперки
  • 4 домати
  • лист од магдонос

Шарпланинска муќкалица уреди

  • 650 овчо месо од бут
  • 1 дл масло
  • 5 главици кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 зелена пиперка
  • 1 лажица оцет
  • сол
  • бибер

Топличка муќкалица[7] уреди

  • 500 гр свинско филе
  • 2 лажици масло
  • 150 гр печурки
  • 200 гр пиперки
  • 100 гр моркови
  • 2 лажици соја сос
  • 30 гр копар
  • сол
  • бибер
  • 200 гр домашни суви тестенини
  • 800 мл вода
  • 150 гр фета сирење
  • 100 гр чери домати

Наводи уреди

  1. „Leskovačka mućkalica – recept“. Sećanja. Посетено на 24. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Leskovačka mućkalica – recept“. secanja.com. Посетено на 16. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „ZABORAVLJENA JELA SRBIJE“. alo.rs. Посетено на 16. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Stari recepti sa juga Srbije: Leskovačka mućkalica“. juznasrbija.info. Посетено на 16. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „Mućkalica“. odabranirecepti.blogspot.com. Посетено на 16. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Leskovačka mućkalica“. Nezavisne. Посетено на 24. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Toplička mućkalica“. Kuhinjica. Посетено на 24. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

 

Надворешни врски уреди