Мушанци

историско село во Општина Градско

Мушанци — историско неготинско село во Повардарието, централна Македонија, денес во Општина Градско.

Мушанци
Мушанци во рамките на Македонија
Мушанци
Местоположба на Мушанци во Македонија
Мушанци на карта

Карта

Координати 41°34′14″N 21°59′58″E / 41.57056° СГШ; 21.99944° ИГД / 41.57056; 21.99944
Регион  Вардарски
Општина Градско
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 173 м
Мушанци на општинската карта

Атарот на Мушанци во рамките на општината
Мушанци на Ризницата

Географија уреди

Мушанци се наоѓало на левиот брег на реката Вардар, спроти селото Градско на исток од него. Денес местото му припаѓа на атарот на с. Џидимирци (чиј атар е делумно во Општина Градско, но претежно во Општина Неготино).

Историја уреди

Во XIX век Мушанци било село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мушанци имало 400 жители, сите Македонци-муслимани.[2][3]

По Првата светска војна муслиманите се иселиле, а во селото се доселени српски колонисти, кои со свои средства откупуваат земја од атарот.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува селото (Mužanci) како турско село,[5] што несомнено е постаро сознание за потурченоста на неговите претходни жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6]

Родови уреди

Мушанци било турско село

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Коџаммалардан (14 к.), Халваџилар (4 к.), Бајракталар (4 к.), Сејдилар (3 к.), Хоџалардан (1 к.), Абушлардан (6 к.), Ќерим-Османлар (4 к.), Мала-Хамилер (4 к.), Мемет-Еминлер (3 к.), Дели-Меметлерден (1 к.), Фератлар (1 к.), Кадирлардан (17 к.), Кома-Аџилардан (2 к.), Маќаилерден (2 к.), Ајдинлардан (4 к.), Кара-Османлар (1 к.), Ибчелерден (1 к.), Вејселерден (1 к.) и Османбашалар (5 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Јашарлар (1 к.) доселени биле околу 1860 година од селото Кара Синанли; Демировци (1 к.) доселени биле во 1920 година од селото Водоврати, македонски муслимани; Јашарлар (1 к.) доселени биле во 1920 година од селото Орта Караслар; Велијовци (1 к.) доселени биле во 1921 година од Кавадарци, македонски муслимани.[7]

Иселеништво уреди

Селото е раселено, а иселеници највеќе има во Турција.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
  4. Палешутски, Костадин (1983). Македонският въпрос в буржоазна Югославия 1918 - 1941. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 27. Посетено на 30 јануари 2014.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)