Мухидин Челеби (турски: Muhiddin Çelebi) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Маалото се наоѓало во северозападниот дел на тогашното Скопје. На север од него се планирале нови блокови за населување. На југ било маалото Топхане, додека во непосредна близина биле и маалата Хаџи Хајредин и Касим Гази. Од Камениот мост било оддалечено 1450 метри северно.

Историја уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 8 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 12 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Исто така имало и 3 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 38 жители.[1]

Сегашност уреди

Денес овој дел од градот е под општина Чаир и забрзано се урбанизира, тука поминува улицата „Клинска Леса“.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.