Мулен Руж (француски: Moulin Rouge или Црвената мелница) е кабаре изградено во 1889 од Жозеф Олер, кој исто така бил сопственик и на театарот Олимпија во Париз. Близу до Монмартр и Пигал на булеварот де Клиши во XVIII округ. Одлика и препознатлив знак за ова старо кабаре е црвената ветерница на кровот.

Жил Шере, Мулен Руж, 1890 Арт Нуво постер за познатата музичка концертна сала и кабаре
Мулен Руж на Булеварот де Клиши ноќе
Мулен Руж дење

Мулен Руж е туристичко одредиште, место кое нуди музика и танц за забава на возрасни посетители од целиот свет.

Познати изведувачи кои настапувале во Мулен Руж се Жозефин Бејкер, Френк Синатра, Џејн Аврил, Едит Пјаф и други. Мулен Руж е исто така и предмет на цртежите на познатиот француски постимпресионист и сликар Тулуз-Лотрек.

"Рулен Руж" е и наслов на книгата на Пјер Ла Мир, којашто во 1952 беше адаптирана за филмот наречен Мулен Руж, во кој настапуваат Хосе Ферер и Заза Габор. Неколку други филмови го носат истиот наслов, вклучително и оној Мулен Руж од 2001 година, во кој игра американската глумица Никол Кидман. И оној од 1952 и поновиот од 2001 беа номинирани за наградата Оскар за најдобар филм.

Кан-кан во Мулен Руж уреди

Главен настан на вечерта во Мулен Руж е изведбата на традиционалниот француски кан-кан, кој се изведува и денес. Во раните денови на Мулен Руж кан-кан играле куртизаните за забава на машката клиентела. Се игра со енергични движења и имал за цел да го заведе потенцијалниот муштерија. Токму затоа, негова одлика е подигнувањето на здолништето и покажувањето на нозете, а понекогаш и гениталиите. Како минувало времето овој танц, оригинално изведуван како обичен танц на забавите на работничката класа, станувал се повулгарен и поеротичен дури до степен на скандалозност. Подоцна, кога во Европа сè повеќе се популаризирала забавата и танцовите дворани, куртизаните повеќе не му биле потребни на Мулен Руж кој се претворил во легален ноќен клуб. Модерниот кан-кан е составен од виртуозни танчери кои ги забавуваат гостите. Денес, кан-канот изведуван во Мулен Руж има култен статус за танцот и танчерите низ целиот свет.

Современи описи уреди

Андреј Бели во своето 106. писмо му пишувал на Александар Блок за „Пеколната Таверна“ во Мулен Руж, каде лакеите се облечени како ѓаволи.

 
Henri de Тулуз-Лотрек насликал многу постери и сцени на ноќниот живот во Париз.

Снимени се шест филма со насловот „Мулен Руж“:

Исто така, филмот „Француски кан-кан“ (1955) е измислена приказна за Мулен Руж, во режија на Жан Реноар.

Една песна на македонската група „Фолтин“ од 2003 година се вика „Мулен Руж како холандска дискотека“ (Moulin Rouge as a dutch discoteque).[1]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Foltin, Donkey Hot, Kukuzel IX002, 2003.