Музејска збирка - Библиотека Искра

Музејската збирка - Библиотека Искра, работи во состав на библиотеката "Искра" од Кочани, како посебна организациона единица од 1985 год.

Зградата на библиотеката

Има мала постојана археолошка и етнолошка поставка која е сместена во средновековната кула во централното градско подрачје. Прибира, обработува, чува и презентира музејски материјал. Организира повремени тематски археолошки и етнолошки изложби и ликовни изложби во кои се ограничува на локални автори.

Главниот акцент при работењето е ставен на:

  • Истражувачки работи и набавка на музејски материјал
  • Обработка и чување на материјалот
  • Презентација и популаризација на музејската дејност
  • Образовно-културно дејствување помеѓу младата популација

Наводи уреди