Мојата мајка (филм од 2015)

Мојата мајка или Мајка ми (италијански: Mia madre) - италијанск-француско-германски филм од 2015 година во режија на Нани Морети (Nanni Moretti), кој е автор и на сценариото заедно со Валија Сантела (Valia Santella). Главните улоги ги толкуваат: Маргерита Бај (Margherita Buy), Џон Туртуро (John Turturro) и Џулија Лазарини (Giulia Lazzarini). Во 2015 година, на Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“, а Морети ја освоил наградата на Екуменското жири. Истата година, филмот номиниран и на Европските филмски награди.[1]

Актерите и режисерот на Филмскиот фестивал во Кан 2015

Синопсис уреди

Маргерита (ја игра Бај) е режисерка која снима филм за фабрика која ја купува странски инвеститор. За време на снимањето, нејзината мајка (ја игра Лазарини) лежи во болница, со лоша прогноза за преживување. Сето тоа ѝ предизвикува притисок и поради тоа Маргерита е нервозна и на снимањето, а особено се затегнати нејзините односи со познатиот глумец од странство (го игра Туртуро). На крајот, Маргерита ја зема мајка си дома, каде таа умира. Низ разговорите со поранешните ученици на мајка си, Маргерита дознава колку сакана и почитувана била таа.[2]

Наводи уреди