Моштица

село во Општина Македонска Каменица

Моштица — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.

Моштица

Панорама на Моштица

Моштица во рамките на Македонија
Моштица
Местоположба на Моштица во Македонија
Моштица на карта

Карта

Координати 42°03′30″N 22°34′30″E / 42.05833° СГШ; 22.57500° ИГД / 42.05833; 22.57500
Регион  Источен
Општина  Македонска Каменица
Област Осоговија
Население 497 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2304
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09017
Надм. вис. 750-1.050 м
Моштица на општинската карта

Атарот на Моштица во рамките на општината
Моштица на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Моштица се наоѓа во областа Осоговија, во северниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 750-1.050 м. Селскиот атар зафаќа површина од 24,6 км2.[2]

Маалата во селото се познати како: Павлиш Дол, Селиште, Влајковска Маала, Перчаучка Маала и Даловска Маала.

Историја уреди

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар, шумите преовладуваат на површина од 1.278 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 570 ха, а на пасиштата 446 ха.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948538—    
1953588+9.3%
1961512−12.9%
1971649+26.8%
1981642−1.1%
ГодинаНас.±%
1991549−14.5%
1994606+10.4%
2002543−10.4%
2021497−8.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Моштица живееле 420 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Моштица имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Моштица живеат 543 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 497 жители, од кои 457 Македонци и 40 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 360 538 588 512 649 642 549 606 543 497
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи уреди

Во селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има и услужни објекти.[2]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каменица.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Косевица.

Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 614 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 470 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Коритото на Селска Река
Археолошки наоѓалишта[15]
Реки


Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 202.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
  14. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски уреди