Морис Бланшо (француски: Maurice Blanchot, роден на 22 септември 1907 во Квен - починал на 20 февруари 2003 во Менил Сен Дени) — француски филозоф, писател, романсие, културен и политички теоретичар. Има силно влијание врз постструктуралистки филозофи како Жак Дерида.

Морис Бланшо
Роден(а)22 септември 1907
Квен, Сон е Лоар, Франција
Починал(а)20 февруари 2003(2003-02-20) (возр. 95)
Менил Сен Дени, Франција
УстановаУниверз
ПериодXX век
ПодрачјеЗападна филозофија

Животопис уреди

До 1945 уреди

Морис Бланшо е роден е на 22 септември 1907 година во селото Квен, департамент Сон е Лоар, регион Бургундија, источна Франција.[1][2][3]. Завршил на Стразбуршскиот универзитет (каде станал близок пријател со Емануел Левинас), а потоа студирал на Сорбона.

Тој потоа се оддадел на кариера како политички новинар во Париз. Од 1932 до 1940 година бил уредник на списанието „Journal des débats“. Во почетокот на 1930-тите, тој придонесел за излегувањето на радикалнии националистички списанија и бил жестоко настроен против германскиот дневен весник „Le rempart“. Во 1936 и 1937 година, исто така имал улога и во екстремниот десничарски месечен весник „Combat“. Во декември 1940 година, тој се запознал со Жорж Батај, кој пишувал анти-фашистички статии во триесеттите години, и кој му останал близок пријател до неговата смрт во 1962 година. Во предвечерието на Втората светска војна ги симпатизирал нацистите, пишувал антисемитски статии и повикувал на соборување на владата на Блум. Во 1940 година, по нападот на Германија над Франција, Бланшо се одрекол од своите национални убедувања и станал активен учесник во Францускиот отпор. Во средината на 40-тите години конечно се повлекол од политиката и се посветил на литературата, кога уште кон крајот на војната тој издал два романи и два литературни труда. Со цел да го издржува своето семејство, тој продолжил да работи како критичар за списанието „Journal des débats“ (1941-1944). Во овие прегледи тој ги поставил темелите на подоцнешното француско критичко размислување, со испитување на двосмислената реторичка природата на јазикот.

По 1945 уреди

По војната Бланшо започнал да работи само како писател и теоретичар на литературата. Во 1946 година Бланшо го напуштил Париз и се населил во гратчето Ез во јужниот дел на Франција, каде што ја поминал следната деценија од својот живот. Исто како Жан-Пол Сартр и други француски интелектуалци од тоа време, така и Бланшо ги одбивал сите награди кои му биле нудени. Во периодот 1953-1968 година објавувал редовно во „Nouvelle Revue Française“. Во исто време, тој започнал да живее во релативна изолација, често не се гледаал дури ни со своите блиски пријатели (како Левинас) со години, и наместо тоа, тој целосно се оддал на пишување долги писма до нив. Како една од причините за таа негова изолација бил и фактот што тој поголемиот дел од својот живот имал здравствена состојба.

Морис Бланшо бил еден од главните автори на „''Манифест 121''“, именуван по бројот на неговите потписници, меѓу кои Жан Пол Сартр, Роберт Антелм, Ален Роб Грије, Маргерит Дирас, Рене Шар, Анри Лефевр, Ален Рене, Симон Сињоре и други. Според манифестот, потписниците се залагале за признавање на Алжирската војна како легитимна борба за независност, осудувајќи ја употребата на тортура од страна на француската војска. Во мај 1968 година, Бланшо дал поддршка на студентските протести. Тоа бил неговиот единствен јавен настап по војната. Во текот на последните години од неговиот живот, тој во неколку наврати пишувал против интелектуална атракција на фашизмот.

Морис Бланшо починал во февруари 2003 година, на 95-годишна возраст.

Творештво уреди

Креативниот пат на Бланшо започнал во годините на Втората светска војна со романите „Темниот Тома“ (1941) и „Аминадав“ (1942).

По војната Бланшо ги напишал повелбите: „Кај смртта“ (1948), „Во посакуваниот миг“ (1951), „Последниот човек“ (1957) итн. Во исто време започнала и неговата активност како критичар и есеист; неговите многубројни статии се собрани во книгите „Лотреамон и Сад“ (1949) и „Осудени на огнот“ (1949).

Дела уреди

Белетристика
  • Thomas l'Obscur, 1941
  • Aminadab, 1942
  • L'Arrêt de mort, 1948
  • Le Très-Haut, 1949
  • Le Pas au-delà, 1973
  • La Folie du jour, 1973
  • L'Instant de ma mort, 1994
Филозофски и литературни трудови
  • Faux Pas, 1943
  • La Part du feu, 1949
  • L'Espace littéraire, 1955
  • Le Livre à venir, 1959
  • L'Entretien infini, 1969
  • L'Amitié, 1971
  • L'Ecriture du désastre, 1980
  • La Communauté inavouable, 1983
  • Une voix venue d'ailleurs, 2002

Наводи уреди

  1. Taylor, Victor E.; Vinquist, Charles E. (2002). Encyclopedia of Postmodernism. London: Routledge. стр. 36. Посетено на 1 August 2014.
  2. Zakir, Paul (2010). „Chronology“. Maruice Blanchot: Political Writings 1953-1993. Fordham University Press. стр. 36.
  3. Johnson, Douglas (1 March 2003). „Obituary: Maurice Blanchot“. The Guardian. Посетено на 1 August 2014.

Надворешни врски уреди