Моника Оспронг ( 7 јануари 1969) е норвешка авторка и преведувач.[1]

Моника Оспронг
Monica Aasprong
Родена 7 јануари 1969
Кристијансунд,  Норвешка
Националност норвежанка
Занимање поет, писател, преведувач

www.monicaaasprong.com

Животопис уреди

Моника Оспронг е Норвешка поетеса која живее во Стокхолм.

2004-2010 посетувала настава на Forfattstudiet во Бё (коммуна, Телемарк). 2009 настава во Skrivarakademin во Стокхолм . 2004-2007 Лирикваннененс Редаксјонсрад. 2006 Народна гимназија . 2003-04 Фриа Семинариет и Литтерар Критик, кунтерар критик, кунгалв . 2003 Иницијатор и ко-уредник на Луј норденфјелдске литтературтидскрифт. 1999 -2001 Уредник за литература во Моргенбладет[2].

Оспронг го имала своето деби во 1997 година со романот „Помеѓу Алекс Гобулев и мене“.

Творештво уреди

Делото на норвешката поетеса Моника Оспронг се одликува со мноштво теми и експериментални форми, типографски елементи и синтеза со други уметнички форми. Таа често си игра со звуци, фрагменти од зборови и асоцијации. Зборовите се менуваат на речиси калеидоскопски начин налик на фуга. Понекогаш зборот се распаѓа и се дели на звуци, со што се враќа во најосновната форма. Ова понекогаш предизвикува синџири од издолжени самогласки кои речиси изгледаат како земени од кантаите на Бах[3].

Исто така во текстуален контекст таа настојува да го открие специфичниот збор , низ книги, инсталации и звучни инсталации. По завршувањето на Магистерски студии на Кралскиот Институт за Уметност во Стокхолм (2012-13) во нејзината поетска пракса ги открива границите на книгите и границите помеѓу визуелните и аудио уметностите. Таа била учесник и на Струшки вечери на поезијата[4].

Објавени дела уреди

  • помеѓу Алекс Гобулев и мене (Tiden, 1997)[5].
  • Пазарот на војници (N.W. Damm & Søn, 2006)
  • Поетско дете (Cappelen Damm, 2010)
  • Кружна химна (Витлеем / Ерусалим), (Cappelen Damm, 2013)
  • Мнемозинска номенклатура I-IX (presentert ved utstillingen ‘Avskygninger’, Kristiansand kunsthall i 2018)
  • Облиго. За формата и содржината (H/o/F 2019)

Преводи и осврти (Избор) уреди

Наводи уреди

  1. Monica Aasprong [мртва врска]
  2. Monica Aasprong
  3. „Monica Aasprong“. Архивирано од изворникот на 2022-01-17. Посетено на 2022-01-13.
  4. Моника Оспронг
  5. „Monica Aasprong“. Архивирано од изворникот на 2021-04-13. Посетено на 2022-01-13.

Надворешни врски уреди