Момчиња (англиски: The Guys) е американски филм од 2002 година, во режија на Џим Симпсон. Главните улоги ги толкуваат: Ентони Лапаља, Сигурни Вивер и Ајрин Волш.

Содржина уреди

Ник е пожарникарски капетан, кој изгубил осум свои вработени во терористичкиот напад на кулите-близначки во Њујорк, на 11 септември 2001 година. Тој е задолжен да состави посмртни говори за загинатите, со кои во текот на долги години делел и добро и зло. Бидејќи не е вешт на зборови, тој ја ангажира новинарката Џоан (ја игра Вивер) да го напише текстот, посветен на неговите загинати другари.[1] [2]

Наводи уреди

  1. Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 25.
  2. Антена, број 856, 21.11.2014, стр. 20.