Момир Стојановски


Момир Стојановски (Добровница, Крива Паланка, 1970Теарце, Тетовско, 22 јануари 2001) бил македонски бранител, припадник на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 22 јануари 2001 при минофрлачки напад на полициската станица во Теарце, извршена од страна на терористите на ОНА. Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија, 2001 година.[1]

Момир Стојановски
1970 – 22.01.2001 (30 г.)

Роден во:Добровница, Крива Паланка, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Теарце, Македонија Македонија
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полицаец во МВР
Единици: СВР Крива Паланка
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис уреди

Живот и првата жртва на војната 2001 година во Македонија уреди

Момир Стојановски е роден 1970 година во Добровница. Израсна во дивините на кривопаланачкото село Добровница. Момир откако завршил средно училиште успешно го посетувал курсот за полицајци. Од 1993 година Момир работел во полициската станица Теарце. Учеше и се посвети на униформата и одговорната полициска служба. Го помнат како вредно и скромно момче од сиромашно семејство. Погребан е на гробиштата во кривопаланечкото село Добровница.

Стојановски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Крикот по синот единец одекна низ планините“. Вест. 24 јануари 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-25.
  2. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-01-14.