Молитва во Маслиновата Гора (Ел Греко, Лондон)

Молитва во Маслиновата Гора — маниристичко масло на платно насликано од Ел Греко (Доменикос Теотокопулос) во 1590 година во Толедо. На оваа слика е прикажан Исус во Маслиновата Гора, настан од на животот на Исус кој е опишан во Новиот завет со кој започнуваат Исусовите страсти.

Молитва во Маслиновата Гора
Творец Ел Греко
Година 1590
Димензии 102 см × 131 см
Место Музеј на уметноста во Толедо, Толедо, Охајо

Одлики уреди

Страдањата на Христос е една од најчестите теми на сликите на Ел Греко. На оваа слика, тој изложува длабоко духовна сцена во која Исус паднал во силна екстаза и ги подигнал очите кон небото. На левата страна е ангел кој држи чаша, додека облакот под него ја опкружува пештерата Тројцата апостоли Петар, Јован и Јаков, кои спиеле, додека во десниот агол се препознаваат ликовите на Јуда Искариотски кој ги води војниците да го уапсат Месијата[1].

Пределот е особено сув и без вегетација, теренот е ридест, а зад Исус се издвојува една карпа која зафаќа голем дел од сликата. Секој елемент на сликата е поврзан и сликата нема симетрија. Фигурата ја истакнува фигурата на Исус со неговото тело свртено кон ангел кој заедно со Исус и трите намалени фигури зад Исус формираат дијагонална композиција [2], но композицијата е подинамична. Главните оски на композицијата се одредуваат со движењето на светлината што се чини дека доаѓа од ангелите и формира неколку независни рамки во кои има тонови на други бои. Основните бои, црвена, сина и жолта, се истакнуваат како три светли акценти кои им се спротивставуваат со придушените, темнокафеави тонови на околината[3]. Според описите Исус се потел со крвава пот, па неговата црвена наметка можеби го симболизира токму тоа. Боите се претежно пастелни, но сепак изразени и во меѓусебното преплетување создаваат облици кои заради искинатоста, делуваат речиси апстрактно. Површината на сликата изгледа мека, како да е насликана на свилени платна.

Ел Греко сакал да ја нагласи големината и моќта на ангелот кој го претставува божественото, а притоа да ги намали ликовите на војниците кои го претставуваат човечкото. Исто така, фигурите на учениците од левата страна имаат необично извиткани тела и се обвиткани во елипсовидна рамка од облаци, што ја претставува нивната збунетост и страв. Христос е „вкомпониран“ во пирамидата, а спиралното движење на неговата облека продолжува и се шири во длабочина. Волуменот се отвора во просторот со разни расчленувања и движења на ликовите, а просторот се вовлекува во волумените поради остриот, речиси метален, контраст на светлината и темнината. Секој облик има свое движење, исто како што има свој простор, светлина и боја, а нивниот меѓусебен однос резултира со општо движење кое никаде не се разрешува[3]. Искривувањето на линиите и изразената динамика, контрастот на боите, како и играта на светлината и сенката, ја зголемуваат драматичноста која е присутна во прикажаниот миг. Сликата не е рамна, но исто така не е строго тридимензионално дефинирана, создавајќи илузија на длабочина и простор воопшто. Сето ова создава надреален впечаток за сцената.

Ова дело можеби најдобро ги претставува одликите на маниризмот. Ел Греко, и покрај силните влијанија, а може да се препознаат влијанијата на Тицијан, Тинторето и Басан, развива силен личен стил.

Ел Греко насликал и други, главно вертикални верзии на оваа тема:

Наводи уреди

  1. Službena stranica slike, Nacionalna galerija, London (англиски) Pristupljeno 5. lipnja 2018.
  2. José Álvarez Lopera, El Greco, Madrid, Arlanza, 2005., Biblioteca «Descubrir el Arte», (colección «Grandes maestros») ISBN 84-955503-44 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.
  3. 3,0 3,1 Jadranka Damjanov, Likovna umjetnost 1., Školska knjiga Zagreb, 1971., str. 33. ISBN 953-0-20109-5
  4. David Davies, John H. Elliott, El Greco, National Gallery Company, London, 2003.​, str. 153. ​ISBN 978-1-8570-9938-6
  5. Klara Garas, Malarstwo w Muzeum Sztuk Pięknych w Budapeszcie, Arkady, 1975., str. 114.