Мишино

историско село во Општина Кочани

Мишино — историско село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Денес, тоа е маало на селото Небојани.

Мишино

Поглед на Мишино

Мишино во рамките на Македонија
Мишино
Местоположба на Мишино во Македонија
Мишино на карта

Карта

Координати 42°04′13″N 22°27′03″E / 42.07028° СГШ; 22.45083° ИГД / 42.07028; 22.45083
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население ? жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13024
Надм. вис. 1.210 м
Мишино на општинската карта

Атарот на Мишино во рамките на општината
Мишино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Мишино се наоѓа високо на Осоговските Планини, северно од градот Кочани.

Историја уреди

Во септември 1910 година, селото настрадало во разоружувачка акција на младотурците и 96 жители на Мишино и Долги Дол пребегале во Бугарија.[2]

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото било доброволец во Македонско-одринските добороволни чети.[3] По Првата балканска војна, селото било припоено кон Небојани.[4]

Население уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мишино живееле 35 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мишино имало 40 жители Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Мишино било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.

Личности уреди

Починати во Мишино

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 4.
  3. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 863.
  4. Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том 5, Прилеп, Архив на Македонија, 1988, стр. 286.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.

Надворешни врски уреди