Михајло Миноски (роден на 18 октомври 1938 година во Долгаец, Прилепско) —универзитетски професор (во пензија) [1], уредник на тематската област „Античка и средновековна историја, историја на турскиот период (посебно XIX и XX век); религии (ереси и секти), историја на црквите во Македонија“ на Македонската енциклопедија, заедно со проф. д-р Шукри Рахими.

Михајло Миноски
Роден(а)18 октомври 1938(1938-10-18)
Долгаец, Прилепско
ЖивеалиштеСкопје
НационалностМакедонец
Полињаисторија на Македонија во XIX и XX век
УстановиФилозофски факултет - Скопје
ОбразованиеФилозофски факултет - Скопје

Животопис уреди

Се школувал во Прилеп и Скопје, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на групата Историја. Работел како професор по историја, а извесен период работел и во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Магистрирал на истиот факултет во 1975 година, а докторирал во Белград во 1981 година. За наставник на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје бил избран во 1986 година каде што останал до пензионирањето како редовен професор.

Главен интерес на неговите научни истражувања е политиката на големите сили и соседните балкански држави спрема Македонија во текот на XIX и XX век и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и независна држава. Автор е на повеќе од 200 научни трудови: книги, статии и прилози.

Позначајни дела уреди

  • САД и Македонија, Скопје, 1994
  • Авнојска Југославија и македонското национално прашање 1943-1946 година, Скопје, 2000
  • Македонија во меѓународните договори 1913-1940 година, Скопје, 2006

Награди уреди

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Михајло Миноски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 956. Text "series " ignored (help)
  2. Познати добитниците на наградата „11 Октомври“ за 2008 година на Идивиди