Михаило Ристиќ

фудбалер

Михаило Ристиќ (5 септември 186415 август 1925) бил српски дипломат, конзул и дипломаски претставник.[1] Главната активност на Ристиќ како конзул и дипломат била да помага на српскиот народ и црквата во Македонија и во Стара Србија, како и нивна заштита од бугарската и грчката пропаганда и оружани акции.[2]

Михаило Ристиќ
Роден 5 септември 1864
Белград
Починал 15 август 1925
Извештај на Михаило Ристиќ, конзул во Битола за развојот на Илинденското востание, 29 јули 1903 г.
Извештај на Михаило Ристиќ, конзул во Битола за состојбата на србството во Прилеп, 5 ноември 1899 г.

Животопис уреди

Михаило Ристиќ бил син на Гаврил Ристиќ, белградски трговец, и Катарине Ќиприќ од семејство на белградски трговци. Основно училиште, гимназија и правен факултет завршил во Белград. Дипломирал во 1886 година, а потоа една година учел во Париз, во „Слободната школа на политички науки“.

Се оженил во 1895 година со Правда, ќерката на Владимир Јовановиќ, државен советник, министер и сенатор, и сестра на политичарот Слободан Јовановиќ. Михаило и Правда имале еден син Андрија Ристиќ, кој бил правник.

Кариерата ја започнал во Министерството за надворешни работи на Србија, во 1884 година, каде работел во отсекот - пропаганда.[3] Како секретар на тоа министерство, во 1892 година го пропатувал Косово. Изјавил дека состојбата на Косово е толку лоша, што за десет години таму нема да има Срби.[4] Во 1893 година, станал секретар на српското дипломатско претставништво во Цариград,[1] а во 1896 година, бил секретар во Министерството за надворешни работи во Белград.[1] Конзул во српскиот конзулат во Скопје станал во 1896 година, а во 1898 бил поставен за секретар на дипломатското претставништво во Виена.[1] Од 1899 до 1903 година бил српски конзул во Битола,[1] а од 1904 до 1906 година, повторно бил конзул во Скопје. Како конзул во Македонија, Ристиќ помагал да се спроведе српската четничка акција, а во 1904 година, го координирал преминот на четата на Јован Бабунски преку границата и преку Вардар.[5] Во Букурешт бил на служба од 1906 година, а дипломатски пратеник во Рим бил од 1907 година.[1] Во текот на 1920 година, бил делегат на кралството СХС во Дунавската комисија. Се пензионирал во 1924.

Во 1913 година, заедно со Никола Пашиќ го потпишал Букурешкиот договор.[1]

Под псевдонимот П. Балкански ги напишал трудовите: „Низ гробишта, патопис по Стара Србија“ (1894) и „Српскиот народ во скопската епархија, расправа за црковно-школските прилики“ (1899).[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Народна енциклопедија српско-хрватско-словеначка, Београд 1929, књига 3, 950
  2. Вучетић, Биљана (2012). Наша ствар у Османском царству. Београд: Историјски институт.
  3. Биљана Вучетић, Историјски часопис LIII (2006) 359-374
  4. Војводић, Михајло (2003). „Путовање Михаила Г.Ристића по Старој Србији и Македонији 1892. године“. Вардарски зборник. 2: 19-30.
  5. Биљана Вучетић , Историјски часопис LV(2007)265-277 Архивирано на 5 октомври 2013 г., Посетено на 12. 4. 2013.