Митрополитска катедрала (Атина)

Митрополитска катедрала „Св. Благовештение“ (грчки: Καθεδρικός Ναος Ευαγγελισμού της Θεοτόκου) — христијански храм во Атина, Грција. Катедралата е седиште на грчкиот епископ. Изградбата на црквата започнала во 1842 година, на Божик, а камен-темелникот би ставен од страна на кралот Отон I. По дваесет години, на 21 мај 1862 година катедралата била завршена, и посветена на Благовештението на Пресвета Богородица.[1] Во црквата се наоѓаат гробовите на двајца светци, кои биле убиени во времето на Османлиската окупација.

Митрополитска катедрала
Καθεδρικός Ναος Ευαγγελισμού της Θεοτόκου
Поглед кон црквата
Основни податоци
МестоАтина, Грција
Духовно-организациски статусцрква

Во непосредна близина на катедралата се наоѓа црквата Агиос Елефтериос. На плоштадот пред црквата стојат две статуи. Едната е на Константин XI Палеолог, последниот цар на Византија, а втората е на Архиепископот Дамаскин Атински, кој во 1946 година бил и премиер на Грција.

Во моментот, катедралата е под реставрација.

Галерија уреди

Наводи уреди

Извори уреди

37°58′30″N 23°43′48″E / 37.975° СГШ; 23.730° ИГД / 37.975; 23.730