Мито Трпков Јовески ( 1920 во Јагол, Кичевско1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Мито Јовески
Роден 1920 година
Јагол, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија
Споменик од НОБ во Јагол, на кој е испишано името на Мито Јовески и неговите соборци од селото.

Животопис уреди

Потекнувал од селско сиромашно семејство. Уште како млад бил принуден да оди на печалба во Белград и да работи како пекарски работник. Работел сè до окупацијата, а потоа се вратил во своето село каде продолжил со активна работа против фашистичкиот окупатор. Бидејќи бил мобилизиран од окупаторските италијански власти во пролетта 1943 година, се обидел да фати врска со партизаните, но не успеал и во текот на летото избегал од окупаторските редови и се приклучил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции низ Кичевско. Учествувал и во првото ослободување на Кичево и како храбар борец заминал на Буковиќ во четата на комесарот Мирко Милески како претстража на слободната територија и загинал во борбите со Германците и балистите на 1 октомври 1943 година со својот другар Душан Јовески.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 71.