Мисајле Николоски

Мисајле Николоски ( 1882 во Карбуница, Кичевско1943 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Мисајле Николоски
Роден 1882 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 1943 година
Кичево, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Животопис уреди

По занимање бил земјоделец. Во пролетта 1942 година работел за народно ослободителното движење и бил член на Народноослободителниот одбор во селото. По налог на Партиската организација вршел најодговорни партиски задачи. Во 1943 година, вршејќи една поверлива партиска задача за потребите на Одредот, бил осомничен и фатен од балистите и затворен во касарната во Кичево. Умрел по долги малтретирања во затворот не признавајќи ништо.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 96.