Миро[1][2] — вид на миризлива смола, која потекнува од различни видови африкански и арапски дрвја, но првенствено се користи за производство. Во текот на вековите, мирото се користело за парфеми, кадење и медицински цели.

Миро (100) по потекло од Оман
Мира — дрвото кое најчесто се користи за производство на миро

Назив уреди

Зборот миро е изведен од заедничкиот семитски корен m-r-r со значење „горчлив“ (арап. مُرّ трнскр.:murr; арам.:ܡܪܝܪܐ транскр.:mureera). Во нашиот јазик дошол од хебрејската Библија, каде што се појавува како хебрејски: מור транкр.:mor. [3] Зборот се појавува во грчката митологија, како Мирна, жена која се претворила во дрво што лачи смола. Подоцна, зборот се појавува во Септуагинтата, а во старогрчкиот јазик е основа за зборот што претставува парфем (старогрчки: μῠ́ρον транскр.:múron).

Употреба во христијанството уреди

Според христијанското предание, жените мироносици носеле миро на Христосовиот гроб за да го помазаат неговото тело, но таму нашле бел ангел кој им рекол дека Исусстанал“.

Миро е маслото за помазание (→ ru ), кое се подготвува во црквите.

Состојки уреди

За подготовка на светото миро потребни се 31 состојка и тоа:[4]

  1. Бело вино,
  2. Маслиново масло,
  3. Розово масло,
  4. Корен од перуника,
  5. Корен од шумска љубичица,
  6. Момина солза,
  7. Индиско оревче,
  8. Мајчина душица,
  9. Миртхае,
  10. Мастикис електисими,
  11. Бензос,
  12. Хербае окими базилики,
  13. Радикс зингиберис,
  14. Радикс галгангае,
  15. Олеум теребинтхи венети,
  16. Олеум кинамони,
  17. Олеум кариофили,
  18. Олеум аурантие кортикум,
  19. Олеум лавандуле оптиме,
  20. Олеум јунипери бакарис,
  21. Олеум антхос росмарини,
  22. Олеум баргамоте,
  23. Олеум мајоране,
  24. Бел темјан,
  25. Чист восок,
  26. Светена вода,
  27. Спирит вини коне,
  28. Рузмарин,
  29. Измирен темјан,
  30. Корен од темјанушка,
  31. Лимонов екстракт.

Подготовка уреди

Секоја автокефална црква по правило сама го извршува светиот чин на мироварение и осветување на светото миро.

Состојките се потопуваат во посебни казани, каде се варат на оган, а добиената смеса се прелева во алавастри кои се осветуваат од страна на свештенството.

Возобновување на обичајот во МПЦ-ОА уреди

Првиот чин на возобновување на овој црковен обичај МПЦ-ОА го извршила во 1971 година веднаш по нејзиното возобновување. Во црквата Свети Димитрија во Скопје, на Велики четврток, со ѕвона и песни, архиепископот Доситеј ја изговорил свечената молитва Господ Бог да направи духовно помазание и духовно да го збогати нашиот живот во црквата. Со сите почитувања на црковните канони беа исполнети алавастрите од негова страна.[4]

Наводи уреди

  1. „миро“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „миро“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Klein, Ernest, A Comprehensive Etymological Dictionary of the Hebrew Language for Readers of English, The University of Haifa, Carta, Jerusalem, p.380
  4. 4,0 4,1 „Кога варењето и осветувањето на Светото Миро е духовен развој на црквата?“. religija.mk. 25.06.2019. Посетено на 8 април 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)