Миодраг Петровиќ (сликар)
Миодраг Петровиќ (Дубравица, 1888 — Белград, 1950) бил српски воен сликар.
Биографија уреди
Прв учител по цртање му бил Ѓорѓе Крстиќ. Завршич Уметничко-занаетчиска школа во Белград (1906–1911), а потоа ги продолжил студиите по сликарство на Академијата во Минхен (1911–1912). Учествувал во Балканските војни и Првата светска војна до 1916 година. Уште за време на Балканските војни го добил звањето воен сликар. Поради болест бил префрлен во Солун, а потоа во Сиди Абдалах во Тунис и Лазуазу кај Бизерта. Потоа се префрлил во Алжир, каде што студирал на Уметничката академија (1917). Потоа, се усовршувал, творел и изложувал во Париз (1918-1920). Во Белград се вратил во 1920 година, и работел како наставник по цртање.
Починал на 10 февруари 1950 година во Белград.