Милчо Коцаре (Охрид, 1923 - Скопје, 2002) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]

Милчо Коцаре
Роден 1923
Охрид
Починал 2002
Скопје
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор
Деца Љупчо Коцарев

Животопис уреди

Милчо Коцаре е роден во Охрид во 1923 година. Од 1942 година учествувал во Народноослободителното движење, а во почетокот на 1946 година бил демобилизиран за да го продолжи школувањето. Дипломирал во 1953 година на Електротехничкиот факултет во Белград. Во периодот 1953 – 1963 работел во Радиотелевизија - Скопје на должност главен инженер за високочестотна техника, а потоа во Железничкото транспортно претпријатие во Скопје како шеф на групата за телекомуникации и електроника. Во 1963 година бил избран за предавач на Техничкиот факултет во Скопје - Електротехнички отсек. Во 1967 година бил избран во звањето доцент, во 1973 година во звањето вонреден професор, а во 1979 година во звањето редовен професор

На Факултетот работел од неговото основање на функциите: шеф на Отсекот за енергетика, шеф на Катедрата за електроника, шеф на Лабораторијата за електроника и раководител на Институтот за електроника. Во управните органи ги вршел должностите: претседател на Советот на Факултетот во два мандата и претседател на Извршниот одбор. Основач е на Катедрата и Лабораторијата за електроника. Учествувал и во организирањето на постдипломските студии од областа електроника. Извршувал и повеќе општествени должности: делегат на Собранието на СР Македонија, делегат во Работничките совети на Радиотелевизија Скопје и претпријатието за ПТТ сообраќај - Скопје. Автор е на над 40 научни и стручни трудови. Бил член на Извршниот одбор на ЕТАН за Југославија, член на Редакцискиот одбор за СР Македонија - на списанието „Автоматика“, член на Комисијата за електроника и автоматика на Сојузниот совет за координација на научните дејности и други. Пензиониран е во 1987 година. Починал во 2002 година.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 279. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)