Милорад Митровиќ (фудбалер)

Милорад Митровиќ (Велико Градиште, 12 април 1908 - Сплит, 9 август 1993) бил југословенски и српски фудбалер и фудбалски тренер.

Милорад Митровиќ

Кариера уреди

Кариерата ја започнал во фудбалскиот клуб БСК Белград, каде играл до 1928 година. По Олимпискиот турнир во Амстердам, од 1928 година играл во Франција за Монпелје (1928-1932) и Сете 34 (1933-1934), заедно со Ивица Бек.[1] Во 1934 година се вратил во БСК Белград со кој освоил две национални титули на Југославија (1935 и 1936 година), а последниот натпревар го одиграл во дресот на БСК на 3 октомври 1937 година. Кариерата ја завршил во БАСК каде играл од 1937 до 1941 година.

За селекцијата на Белград одиграл 10 натпревари, за селекцијата на Југославија три, а дебитираше против селекцијата на Португалија на 29 мај 1982 година во Амстердам, на Олимпискиот турнир. Последниот натпревар за југословенската репрезентација го одиграл на 1 јануари 1935 година, против репрезентацијата на Романија во Атина за Балканскиот куп, кога репрезентацијата на Југославија го освоила единствениот победнички трофеј во ова натпреварување.[1]

Во периодот од 1955 до 1959 година бил селектор на Бурма.[2]

Бил со средна висина, цврста фигура, бил најголемиот „џентлмен“ на белградскиот фудбал во своето време. Тој важел и за еден од најдобрите југословенски бранители меѓу двете светски војни.[1]

Живеел во Сплит, каде што починал на 9 август 1993 година. години поради проблеми со крвните садови.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Mitrović Milorad“. reprezentacija.rs. Посетено на 30. 8. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Milorad Mitrović ofkbeograd.co.rs

Надворешни врски уреди