Милички Езера (полски: Stawy Milickie) — група од околу 285 помали езерца и рибници[1] во Долношлеското војводство, во југозападна Полска, во долината на реката Бариш, во близина на градовите Милиц и Жмигрод. Езерата зафаќаат вкупна површина од околу 77 км2.

Поглед на едно од Миличките Езера

Поради нивната важност како живеалиште и место за размножување на водни птици, езерата се заштитени како природен резерват, основан во 1963 на површина од 53 км2, кој е заштитен со Рамсарската конвенција (една од 13 такви локации во Полска). Од 1996 година, исто така, се дел од поголемото заштитено подрачје познато како пејзажен парк во Долината Бариш.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Milicz Fishponds Nature Reserve“. Раmsar Sites Information Service. 1 јануари 2007. Посетено на 28 ноември 2018.

Надворешни врски уреди