Милан Чундев

македонски универзитетски професор

Милан Чундев (р. 13 јануари 1947 во Велес) — македонски универзитетски професор на Факултетот за електроника и информациски технологии во Скопје.[1]

Милан Чундев
Роден Милан Чундев
13 јануари 1947(1947-01-13)(77 г.)
Велес, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Животопис уреди

Дипломирал во 1970 година на Електротехничкиот факултет во Скопје, каде што во 1996 година бил избран за редовен професор. Во 1978 година магистрирал на Електротехничкиот факултет во Белград, а во 1990 година докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Од 1996 година бил раководител на Институтот за електрични машини, трансформатори и апарати на Електротехничкиот факултет.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)