Милан Змијата — бугарски и македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[1]

Милан Змијата
Роден Станимака,  Бугарија
Починал 19 април 1908
Велес, Македонија,  Османлиско Царство

Животопис уреди

Милан Змијата е роден во градот Станимака, денес Асеновград во тогашното Кнежевство Бугарија. Влегува во редовите на ВМОРО и станува комита. Во август 1907 година, откако Дачо Јотов и Михаил Чаков го напуштаат Велешко, окружниот војвода Тане Николов се враќа во Велешко и ја подели областа на петмина околиски војводи - на Велко Попадиски, Секула Ораовдолски, Темелко Наумов, Александар Андреев и на Милан Змијата. На 19 април 1908 година, предаден од агенти на српската пропаганда, загинува во престрелка со турските власти во градот Велес.[2][3]

Во негова чест е именувана улицата „Милан Змијата“ во Велес.[4]

Белешки уреди

  1. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.64
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 103.
  3. Аврамовъ, Стефанъ, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, МНИ, София 1929 г., стр. 165.
  4. „Андон Ќосето и Милан Змијата, дел од новоименуваните улици“. tirekovmirece.com. 29 мај 2012.