Милан Бартош (Белград, 10 ноември 1901 - (Белград, 12 март 1974) – правник, универзитетски професор по меѓународно право, редовен член на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав (4 мај 1972).[1]

Милан Бартош
Милан Бартош
Роден 10 ноември 1901
Белград
Починал 12 март 1974
Белград
Националност Србин
Занимање правник, универзитетски професор, академик

Животопис уреди

Бартош дипломирал право во Белград во 1924 година, а докторирал во Париз во 1927 година, по што бил професор на Белградскиот универзитет од 1928 година. Учествувал на низа заседанија на Генералното собрание на ООН (1945-1953), бил арбитар на Постојаниот меѓународен арбитражен суд во Хаг (1945), главен правен советник за надворешни работи во звањето амбасадор (1949-1963), претседател на Светското здружение за меѓународно право (1956-1958) и почесен доживотен претседател, шеф на југословенската делегација на Првата и на Втората женевска конференција за поморско право (1958 и 1960), генерален секретар (1961-1965) и потпретседател (1965-1971) на САНУ, претседател на Комисијата на ООН за меѓународно право (1965), претседател на Хашката академија за меѓународно право и др. Бил претседател на Матичната комисија за основањето на МАНУ (1967). Го уредувал списанието „Анали Правног факултета“ во Белград. Автор е на голем број книги, студии, статии и други прилози.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 133. ISBN 978-608-203-023-4.