Миладин Крстаноски

Миладин Крстаноски (? - Охрид, 25 април 2014) — истакнат македонски професор на ФТУ и доктор по правни науки.

Миладин Крстаноски
Починал 25 април 2014
Охрид,  Македонија
Занимање професор

Животопис уреди

Крстаноски дипломирал на правниот факултет во Скопје во 1975 година, а во 1980 година го положил Правосудниот испит. Тој го продолжил своето образование со постдипломски студии и магистрирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Катедрата за кривично право и криминологија при Правниот факултет. Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја бранел на истиот факултет. Бил добитник на Климентова награда – награда за животно дело во 2008 година. Во неговиот работен век работел во „Отекс” Охрид, бил секретар во печатница “Коста Абрашевиќ” од Охрид, директор на општ сектор во фабриката, „Борис Кидрич” во Струга, секретар на ГП „Трудбеник” во Охрид, претседател на Судот за прекршоци - Охрид, Општествен правобранител на самоуправувањето–Охрид и директор на Казнено-поправната установа–Затвор Охрид. Во 1995 година бил избран за професор на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид по група на правни предмети на сите насоки каде работел со звање редовен професор.

Проф. д-р Миладин Крстаноски е автор на 50 книги од областа на правото и повеќе од сто научни и стручни трудови објавени во земјата и странство. Крстаноски досега објавувал и повеќе статии во „Млад борец”, „Студенски збор”, „Нова Македонија”, „Дневник”, „Пулс”, „Фокус” и др. Починал во Охрид на 25 април 2014 година.[1]

Наводи уреди