Миески нимфеј

археолошко наоѓалиште кај Копаново, Негушко, Егејска Македонија и место на Аристотеловото училиште

Миески нимфеј (грчки: Το Νυμφαίο της Μίεζας) или Аристотелово училиште — храм на нимфите во древномакедонскиот град Миеза во Негушко, Егејска Македонија, денес во Грција.[1][2]

Миески нимфеј
Остатоци од Миескиот нимфеј
Карта
МестоКопаново, Негушко
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°37′50″N 22°05′54″E / 40.6305° СГШ; 22.0983° ИГД / 40.6305; 22.0983
Историја
Раздобјемакедонско
Белешки за наоѓалиштето
Порталsxoliaristotelous.gr

Светилиштето е откриено во месноста Извори, 2 км источно од градот Негуш и западно од селото Копаново во областа Сланица.[1] Според Плутарх во Нимфејот кај Миеза било училиштето на Аристотел, во кое три години учел Александар Македонски:

Аристотел и Александар во училиштето. Гравура на Шарл Лаплант, 1866 г.
Потоа, како место каде учителот и ученикот ќе работат и учат, тој им го определил Храмот на нимфите кај Миеза, во кој до денес на посетителите им се покажуваат камените седишта и сенчестите патеки на Аристотел...[3]

Во светилиштето има три природни пештери и двокатен портик со јонски столбови во облик на буквата П. Во вертикалните карпи се забележуваат лежиштата на покривопотпорните греди, е заднината на стоата,[1] во која Аристотел држал предавања за „етичките и политичките учења“,[3] изградена околу 350 г. п.н.е.[1]

Во 2012 г. нимфејот е прогласен за споменик на културата.[4] Денес крај остатоците од Нимфејот има културен центар со изложбена сала, просторија за состаноци и ресторан.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Η σχολή του Αριστοτέλους στα Ισβόρια Νάουσας“. Δήμος Νάουσας. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 31 мај 2016.
  2. „School of Aristotle“. School of Aristotle. Посетено на 31 мај 2016.
  3. 3,0 3,1 Плутарх. Животот на Александар.
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1/Φ17/55576/2783/12-6-2012 - ΦΕΚ 204/ΑΑΠ/14-6-2012“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2021-12-08. Посетено на 9 јули 2018.
  5. Културен центар — Аристотелово училиште (англиски)

Надворешни врски уреди