Меѓународни Турски Олимпијади

Меѓунардните Турски Олимпијади (турски: Uluslararası Türkçe Olimpiyatları) се целина од натпревари за ученици на возраст од 13 до 19 години во области од турскиот јазик и уметност. Првата турска олимпијада се одржува во 2003 година и на неа учествуваат повеќе од 100 учесници од 17 различни земји од светот, меѓу кои е и Македонија. Бројот на земји учеснички се зголемува секоја година и во 2012 година на овој натпревар се очекува да учествуваат повеќе од 1500 учесници од 135 земји од сите 6 населени континенти. Како организатор на оваа манифестација се јавува списанието TÜRKÇEDER, кое претставува меѓународно списание за изучувачите на турскиот јазик.

Логото на Меѓународните Турски Олимпијади

Гранки на Олимпијадите уреди

Учесниците на Меѓународните Турски Олимпијади се натпреваруваат поединечно во повеќе категории, кои вклучуваат: граматика на турскиот јазик, способност за зборување на турскиот јазик, пишување есеи на турски јазик, општа култура, читање на дела на турски јазик, пеење турски песни, рецитирање турска поезија итн. Вкупно постојат 20 различни категории, кои се поделени во три групи: за немајчин јазик турски, за мајчин јазик турски и за предавачи по турски јазик. Постои и една посебна категорија, во која земјите се натпреваруваат како тимови, односно за најдобар штанд на саемот на култури кој е во склоп на Олимпијадите.

Успех на Македонија на Меѓународните Турски Олимпијади уреди

 
Реклама за 10. Турска Олимпијада на еден од најважните плоштади во Истанбул, која прикажува една од македонските учеснички

Тимот кој ќе ја претставува Македонија на Меѓународните Турски Олимпијади се бира на внатрешен натпревар на државно ниво, организиран од страна на ПСУ „Јахја Кемал“ во текот на месец февруари или март и се состои од околу 15-тина ученици и 4 професори. Тие достоинствено ја претставуваат нашата земја и досега освоиле разни медали и пофалници.

Вкупно досега Македонија има освоено 17 златни, 16 сребрени и 29 бронзени медали. Исто така имаме добиено и 27 пофалници, како и една специјална награда од Парламентот на Република Турција.

11. Меѓународни Турски олимпијади уреди

Во периодот од 1. - 16. јуни 2013 година се одржаа 11. Меѓународни турски олимпијади на кој учествуваа изучувачи на турскиот јазик од целиот свет. Мотото на оваа олимпијада беше „Кон универзален мир“ (турски: Evrensel barışa doğru). Македонските учесници ги постигнаа следните резултати:

  • Имран Селимоска - рецитирање/мајчин јазик (златен медал)
  • Сумеја Пајазити - зборување/немајчин јазик (златен медал)
  • Игбале Елмазовска - читање/мајчин јазик (златен медал)
  • Калтрина Елези - гласовен натпревар/немајчин јазик (златен медал)
  • Сумеја Пајазити - читање/немајчин јазик (златен медал)
  • Едона Марку - пеење/немајчин јазик (сребрен медал)
  • Рејхан Елези - рецитирање/немајчин јазик (сребрен медал)
  • Фатјона Каба - зборување/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Александар Солев - пишување/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Софиа Колева - граматика/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Бранка Бунташеска - граматика/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Калтрина Идризи - пеење/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Едина Абдулоска - рецитирање/мајчин јазик (бронзен медал)
  • Родна Гугуљанова - пишување/немајчин јазик (пофалница)
  • Халиде Арслан - читање/мајчин јазик (пофалница)
  • Македонија - штанд (златен медал)

10. Меѓународни Турски олимпијади уреди

10. Меѓународни Турски Олимпијади се одржаа од 30 мај - 14 јуни 2012 година во повеќе од 41 град низ Турција, под мотото „Човештвото рака в рака, нека биде празник тој празник“ и на нив учествуваа 1500 учесници од 135 земји од сите 6 континенти. На истите Македонија ја претставуваше тим од 27 ученици и професори, кои ги постигнаа следните резултати:

 
Посебното лого за 10. јубилејно издание на Меѓународните Турски Олимпијади
  • Мухаммед Тахири - рецитирање/немајчин јазик (златен медал)
  • Билге Сезаир - читање/мајчин јазик (златен медал)
  • Филип Симески - општа култура/немајчин јазик (сребрен медал)
  • Росица Дејановска - општа култура/немајчин јазик (сребрен медал)
  • Стина Идризи - рецитирање/мајчин јазик (сребрен медал)
  • Филип Симески - граматика/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Росица Дејановска - граматика/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Мирадије Дика - пишување/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Сихана Дурмиши - пишување/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Лиљана Ивановска - зборување/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Теодора Стојаноска - зборување/немајчин јазик (бронзен медал)
  • Тунџај Адеми - посебни таленти (пофалница)
  • Ќани Халид - посебни таленти (пофалница)
  • Јована Зајкова - пеење/немајчин јазик (пофалница)
  • Тијана Спасева - пеење/немајчин јазик (пофалница)
  • Македонија - штанд (сребрен медал)

Нашите учесници учествуваа на церемонијата на затворање, како и на програмите во Анкара, Газиантеп, Бодрум, Денизли, Сивас, Конја, Измир итн.

9. Меѓународни Турски Олимпијади уреди

На 9.-та турска олимпијада (2011 година) наградени учесници од Македонија се:

  • Харика Шехаби - мајчин јазик рецитирање (бронзен медал)
  • Ајла Адем - мајчин јазик есеј (златен медал)
  • Зубуш Шемо - мајчин јазик есеј (бронзен медал)
  • Мелда Мехмед - немајчин јазик граматика (сребрен медал)
  • Стефан Бушески - немајчин јазик способности на зборување (бронзен медал)
  • Јунус Куш - професор (бронзен медал)
  • Аида Сефа - немајчин јазик пеење (сребрен медал)
  • Фјола Мехмед - немајчин јазик рецитирање (златен медал)
  • Јасмина Мустафоска - немајчин јазик есеј (бронзен медал)
  • Македонија - штанд (сребрен медал)

Надворешни врски уреди