Методија Георгиевски

Методија Георгиевски ( 1925 во Раштак, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Методија Георгиевски
Роден 1925 година
Раштак, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Чучер, Скопје, Македонија
Националност Македонец

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која бил составена од борци од Прешево, Бујановац, селата на Скопска Црна Гора и доброволци од Скопје. Учествувал во тешките борби на бригадата против балистичките банди. Во една од завршните борби, пред ослободувањето на Скопје, храбро загинал кај селото Чучер. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во неговото родно село Раштак.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 183–184. На |first= му недостасува |last= (help)