Меркерк — град во Холандија и се наоѓа во провинцијата Јужна Холандија. Меркерк е дел од Цедерик, и се наоѓа околу 9 километри северно од Горинхем. Во 2001 градот имал 2.281 жител. Статистичката област Меркерк, ги вклучува и околните села и има населено околу 2.310 жители.

Историја уреди

Не се знае многу за раната историја на Меркерк. Според некои извори, градот за првпат се споменува во свештенички документ, напишан во 1266 или 1267 година. Потеклото на името „Meerkerk“ не е познато, веројатно е дека тоа произлегува од „De Kerk Bij Het Меер“, со значење „Црквата од страна на езерото“, што се однесува на неколку мали ленти на земјиштето што се викаат „Het Meep“(Езеро).

 
Меркерк во 1866.

Во раните векови од своето постоење Меркерк има важна улога во регионалниот сообраќај, поради својата поволна местоположба покрај реката Viaanse Vaart. За време на Француската окупација на Холандија во 19 век Наполеон Бонапарт наредил изградба на голема патна врска меѓу Париз и Амстердам,која минува низ Меркерк.

Според легендата, Наполеон Бонапарт, за време на својата официјална посета на Холандија поминал извесно време во Меркерк. Главниот пат бил направен од страна на војската на Наполеон, и тогаш за првпат е изграден пат од камен во тој регион.

Меркерк била посебна општина сè до 1986 година, кога станува дел од Цедерик. Од 1886 година низ Меркерк поминува каналот Цедерик. На тој начин се одржува важноста на општината во однос на регионалниот сообраќај. До крајот на Втората светска војна општината ги проширува своите граници, па така се зголемува веројатноста населението да се зголеми на некои 2.500 жители.