Ментеш Моше Камхи — македонски револуционер од еврејско потекло, член на Внатрешната македонско-едринска револуционерна организација.

Ментеш Камхи
Роден 1877
Битола, Македонија тогаш Отоманско Царство
Починал 1943
Битола, Македонија тогаш Бугарско Царство

Животопис уреди

Ментеш Камхи е роден во 1877 година во Битола, тогаш во Османлиското Царство.

Татко му, Моше Соломон Камхи, бил банкар, претприемач и снабдувач на турската војска. Мајка му, Роза Батино, потекнувала од прочуено граѓанско семејство од Јанина. На двегодишна возраст останал без татко, а десет години потоа починала и мајка му.

По Солунскиот конгрес, брат му Рафаел Камхи добил значајна и одговорна задача: организатор на финансиските акции за помош на Организацијата, нејзин специјален курир и врска меѓу солунскиот Централен комитет, битолскиот Окружен комитет и Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.

Во оваа активност учествувал и Ментеш. Активноста била откриена од турските власти, па ноќта на 17 мај 1903 година, турска патрола влегла во домовите на семејствата во битолското маало Али Чауш и со себе ги одвела браќата Рафаел и Ментеш Камхи. По пет-шест дневно задржување во битолската зандана, без да бидат изведени пред суд, само врз основа на полициски извештај од 21 мај 1903 година и службено писмо 133, тие биле депортирани во Дебар.[1]

Заради поткупливоста и тромавоста на турската администрација, браќата се движеле слободно во Дебар, се поврзале со тамошната организација и учествувале во Илинденското востание.

Починал во 1943 година. Семејството му останало во Битола.

Наводи уреди

  1. „Рафаел Моше Камхи“. Македонска нација. 03.10.2012. Посетено на 30 октомври 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)