Меланхолија (Мунк)

Меланхолија (норвешки: Melankoli; исто така позната како Јапе на плажа, Љубомора или Вечер) ― слика на норвешкиот уметник Едвард Мунк. Мунк насликал повеќе варијантни верзии на експресионистичкото маслено дело на платно во периодот 1891–1893 година. На сликата е прикажан човек со главата потпрена во раката, замислено расположение на работ на крајбрежјето.

Меланхолија
норвешки: Melankoli
Творец Едвард Мунк
Година 1891
Димензии 72 см × 98 см
Место лична збирка

Вдахновението за сликата била несреќна романтична афера во која бил вмешан пријателот на Мунк, Јапе Нилсен. Во сликата на Мунк, фигурата на меланхоличниот човек е десно, а неговото расположение е претставено со брановито крајбрежје и поднебје кои се протегаат кон лево. Критичарите предложуаат дека има и еротски алузии, можеби во присуство на Месечината што се одразува на водата.[1] Пејзажот ја претставува плажата на Осгордстранд каде што летувал Мунк уште од 1889 година.

„Меланхолија“ била изложена во 1891 година на Есенската изложба во Осло.[2] Уметникот и новинар Кристијан Крог и дал заслуг како прва симболистичка слика на еден норвешки уметник. Мунк насликал повеќе од една верзија на композицијата во 1891 година.[3] Завршената верзија во 1892–93 година е во Националната галерија во Осло.[1]

Други верзии уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Lombardi, Laura (2009). From Realism To Art Nouveau. New York, NY: Sterling Pub. ISBN 1-4027-5926-6
  2. Eggum, Arne (1984). Edvard Munch: Paintings, sketches, and studies. Crown. стр. 75. ISBN 0517556170.
  3. Eggum, Arne (1984) Edvard Munch: Paintings, sketches, and studies. Crown. стр. 74–75. ISBN 0517556170.