Мастридија Ерусалимска

Мастридија Ерусалимска е христијански светец.

Живеела во Ерусалим и строго се подвизувала. Според христијанското верување, некој млад човек се загледал во неа и почнал да ѝ досадува. Да би се спасила и себе и тој млад човек од гревот, св. Мастридија зела во една кошница малку наводенет грав и се оддалечила в пустина. Во пустината поминала 17 години и за сето тоа време, ниту ѝ снемало грав, ниту фустанот ѝ оветвел. Починала во околу 580 година[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 7 февруари.

Наводи уреди

  1. „Охридски пролог“ стр. 53