Масакр во Зеленич

Масакр во Зеленич (1904) ― андартски колеж извршен во село Зеленич, Леринско, на 13 ноември 1904 година. [1]

Околу 60 до 100-тина андарти во екот на свадбената прослава на свештеникот Георгија го нападнале селото во знак на одмазда затоа што егзархиските верници се откажале од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија. Биле ликвидирани 13 мажи, жени и деца. Крвавата Зеленичка свадба, е едно од дотогаш најголемите злосторства што ги извршиле грчките андарти во Македонија.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 189. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)

Надворешни врски уреди

Крвавата свадба во Неволјани - Леринско (Октомври 1905 година)