Марк Слоун (англиски: Mark Sloan) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот го толкува глумецот Ерик Дејн.

Д-р Марк Слоун
Dr. Mark Sloan
Ерик Дејн како Марк Слоун
Прво појавувањеYestrday
СоздавачШонда Рајмс
ТолкуваЕрик Дејн
Информации
АлијасMcSteamy (Д-р Жежок)
ПолМашки
ЗвањеДоктор по медицина, F.A.C.S.
ЗанимањеГлава на Пластична хирургија во Сиетл Грејс

Позадина уреди

Марк е роден во високо класно но безгрижно семејство во Њујорк. На рана возраст, тој се здругарува со Дерек Шепард и станува како втор син на семејството Шепард, иако на крајот на краиштата тој ќе спие со една од сестрите Шепард, Ненси. Нивното пријателство траело цело детство и понатаму кога станале возрасни и Марк станал кум на венчавката на Дерек со Адисон Монтгомери. Марк завршил факултет на универзитетот Универзитет Колумбиа Колеџ за Психијатри и Хирурзи, го завршил стажанството на Отоларингологија, со диплома за пластична хирургија и брзо станува еден од најпознатите и најпочитуваните хирурзи за пластична хирургија. Како што бракот на Адисон и Дерек отуѓувал, „пријателството“ помеѓу Марк и Адисон се зголемувало и на крајот Марк спие со Адисон и неочекувано Дерек ги фаќа на дело.

Откако Дерек изјавил дека неговото пријателство со Марк и бракот со Адисон се завршени, Марк и Адисон живееат заедно два месеци. За време на овие два месеци Адисон забременува со дете на Марк. Марк отпрвин бил возбуден, но Адисон го абортира поради изневерувањата на Марк и наскоро го напушта Марк и оди по Дерек во Сиетл.

Краток преглед уреди

Историја на ликот уреди

Марк всушност не се појавува во првата сезона, а во втората сезона се појавува само во една епизода додека од втората епизода од третата сезона тој станува главна улога.

Втора сезона уреди

Марк во оваа сезона е споменат многупати но само еднаш се појавува во епизодатаYesterday(Вчера).

Марк доаѓа во Сиетл брзо по инцидентот со бомбата во болницата. Тој доаѓа да се смири со Адисон и да го обнови пријателството со Дерек. Во моментот кога доаѓа во Сиетл тој и се приближува на Мередит и со малку флертување ја прашува каде може да ја најде Адисон. Мередит веднаш почнува да разговара со него и тие се запознаваат. Но Мередит не знае дека Дерек ги гледа од далеку. Дерек изнервиран доаѓа и го удира со бокс на Марк. Мередит лута му се дере на Дерек велејќи дека не може да верува дека е толку љубоморен да Мередит не биде со никој друг па го удира и човекот со кој таа зборува но тој ја погледнува и и вели: Убаво од тебе, но тоа е мојот најдобар пријател и тоа е нашиот поздрав откако спиеше со жена ми. Мередит останува шокирана. Подоцна Мередит му помага на Марк да го сошие местото на кое е удрен, но тој повеќе сака самиот да се сошие. Додека се шие тој и кажува се на Мередит и дури и причината зошто дошол во Сиетл. Но од страна Изи и Кристина го гледаат и дискутираат за тоа колку е привлечен и почнуваат да му бираат прекари кога Мередит им се приближува. По размислување да биде „McSexy“ (Мек Секси, Д-р Секси) или „McYummy“ (Мек Јами, Д-р Јами) се одлучуваат за „McSteamy“ (Мек Стими, Д-р Жежок). Марк подоцна кога гледа дека Адисон не го прифаќа а исто и Дерек му понудува на Ричард да изведе една операција на еден млад тинејџер. И операцијата излегува успешно но за жал пациентот умира. А бидејќи Марк е доктор за пластична хирургија вината не е негова. Тој тажно си заминува од Сиетл но пред да оди и кажува на Мередит дека Дерек е вљубен во неа бидејќи кога го начекал со Адисон во кревет не му направил ништо на Марк, а кога само разговарал со Мередит добил бокс. Пред да замине дознава и за неговиот прекар и заминува од Сиетл.

Трета сезона уреди

Марк првпат се појавува во втората епизода од оваа сезона. Дерек ја бара Адисон за да ѝ каже дека се одлучил за Мередит и ја наоѓа во една хотелска соба. Таа е во бањарка и си ја брише косата седејќи на кревет и пиејќи шампањ. Тој и кажува дека се чувствува ужасно бидејќи нивниот брак е растурен поради негова вина но дека сепак се одлучува за Мередит, но во тој ист момент се отвора вратата од бањата и од неа излегува Марк целосно гол врзувајќи си крпа околу нозете. Дерек радосен ја зема чашата шампањ која ја држи Адисон и вели „оф сега се чувствувам многу подобро“, Дерек излегува од собата а Марк само се насмевнува. Во следната епизода Марк и Адисон се во хотелска соба и Адисон го прашува дали да му викне такси до аеродромот со што кажува дека тој си заминува. Но тој само ја грабнува и почнува да ја бакнува. Подоцна и се јавува на Адисон и ја вика да дојде кај Џо и и кажува дека го пропуштил летот само за да остане со неа. Адисон е лута и му вели дека и било прекрасно со него и доста „освежително“ но е време да си оди од Сиетл. Но на крајот на епизодата се покажува дека Марк резервира соба во хотел на истиот кат на кој резервира Ричард и Кели. Тој се поздравува со Ричард и Ричард го прашува што го довело во Сиетл а тој му вели „.....траектите господине“.

Четврта сезона уреди

Петта сезона уреди