Марко Иванов Петров, нарекуван Мати и Карамата[1] — македонски револуционер, костурски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Марко Иванов
Роден 20 јуни 1877
Паљор, Кајларско, Егејска Македонија
Починал 16 декември 1933
Софија,  Бугарија

Животопис уреди

Иванов е роден во 1877 година во кајларското село Паљор (денес Фуфас), Егејска Македонија). По влегувањето во редовите на ВМОРО, се занимавал со достава на оружје за организацијата. Во 1903 година влегол во илегала и бил четник кај поручникот Георги Папанчев. Во мај присуствувал на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание бил војвода на загоричкиот центар во Костурскиот реон и учествувал во преземањето на гратчињата Невеска и Клисура, каде потоа бил назначен за комендант на Клисура.[2] Подоцна неговата чета успеала да задржи една турска офанзива од Костур кон Маврово.[3] По востанието се префрлил во Бугарија и се занимавал со трговија.

За време на избувнувањето на Првата балканската војна во 1912 година бил војвода на чета №17 на Македонско-одринските доброволни чети, составена од 12 лица. Преминал во Костурско заедно со четите на Георги Попхристов, Павел Христов и Христо Цветков[4]. Дејствувал со четата на Васил Чекаларов,[5] а потоа и во походот на Здружената партизанска чета на Македонско-одринските доброволни чети кон Костурско во 1913 година.[6][7] После тоа преминал во Тиквешијата[8], каде учествувал во Тиквешкото востание.

За време на Првата светска војна служел во Петтиот пешадиски македонски полк на еденаесеттата македонска воена дивизија на бугарската армија. Учествувал во дејноста на Илинденската организација. Починал од болест во 1933 година во Софија, Бугарија.[9]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Николов, Борис. ВМОРО – псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.51
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 62 – 63.
  3. Божидар Д. Божиков. Въстанието в Битолски революционен окръг, во: Илинденско-Преображенското въстание 1903—1968, Издателство на Националния съвет на Отечествения фронт, София, 1968, стр.45.
  4. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.108
  5. [Силянов, Христо. От Витоша до Грамос, Походът на една чета през Освободителната война – 1912 г., Български писател, София, 1984, стр.406]
  6. Иванов, Васил. Отрязаната глава, 9 юлий 1913, 1928, стр.16.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 290, 892.
  8. Македония – история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр.31.
  9. Марко Иванов