Мариовска Котлина

котлина во јужна Македонија

Мариовска Котлина — нетипична котлина во Јужна Македонија, во средното течение на Црна Река. Се протега од Скочивир до Галиште, ограничено со водоразделните линии кои водат по планината Ниџе со Кајмакчалан и Козјак од десната и Селечка Планина и Дрен од левата страна на Црна Река. Зафаќа површина од 897,3 км2[1], иако Мариовската Котлина повеќе е речно ерозивно проширување отколку типична котлина.

Мариовска Котлина во рамките на Македонија
Мариовска Котлина
Местоположба на Мариовската Котлина во Македонија

Висината на теренот во котлината се движи од 350 до 2.520 м[1], но најголемиот дел е на висина од 600 до 1.100 м, што укажува на тоа дека релјефот е обликуван од речни теченија. Доказ за ова е и отсуството на рамничарски предели.

Административно, котлината припаѓа на Општина Прилеп и Општина Кавадарци.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Мариовска котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 132. ISBN 978-9989-110-90-0.

41°14′0″N 21°45′0″E / 41.23333° СГШ; 21.75000° ИГД / 41.23333; 21.75000