Мангала

историско село во Општина Василево, Македонија

Мангала или Алексово — историско село на територијата на Општина Василево, Струмичко, денес во атарот на Нова Маала.

Мангала
Мангала во рамките на Македонија
Мангала
Местоположба на Мангала во Македонија
Мангала на карта

Карта

Координати 41°31′26″N 22°42′37″E / 41.52389° СГШ; 22.71028° ИГД / 41.52389; 22.71028
Регион  Југоисточен
Општина  Василево
Област Огражден
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО

Географија уреди

Селото се е наоѓало во подножјето на Огражден, источно од селото Нова Маала.[2]

Историја уреди

Местото е населено уште од доцната антика, за што сведочат наодите од истоименото наоѓалиште Мангала заклучно со ранохристијанска базилика.[3]

Според информациите собрани од Јован Трифуноски, селото било македонско, пред да биде иселено. Жителите на соседното село Нова Маала чуле дека тоа се нарекувало Алексово (или Алексинац). Ова име (и со варијантата Алексино) се смета за поранешното име на Нова Маала. Село со тоа име се спомнува во османлискиот дефтер од 1519 г. како населено со 133 жители, од кои 128 христијани и само 5 муслимани.[4]

Жителите го напуштиле селото, а потоа на нивно место на подножјето на Огражден се населиле Турци Јуруци. Некои од изворните македонски селани се преселиле во Вељуса.[2] Трифуноски заклучува дека селото е иселено „во некој доста дамнешен период“.[5]

Кога го посетил местото, Трифуноски наишол на глинени ќупови, остатоци од ѕидови и друго.[2]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф. (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник Српског географског друштва. LVI (2): 75.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 409. ISBN 9989-649-28-6.
  4. Цветанов, Д (2018). Средновековните тврдини во Југоисточниот регион на Република Македонија (11-14 век): функција, значење и временски рамки. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет. стр. 309.
  5. Трифуноски, Јован Ф. (1976). „Расељена села у Струмичкој котлини“. Гласник Српског географског друштва. LVI (2): 77.