Манастир Гомионица

Манастир Гомионица со црква посветена на Воведение на Пресвета Богородица во храм се наоѓа 42 km западно од Бања Лука, во селото Кмеќани кај Бронзани Мајдан.

Историја уреди

За манастирот Гомионица е изнесен ставот дека потекнува од времето на турската окупација. Храмот според изгледот е сличен на оние кои се градени во 14-от век, а сличноста се гледа пред сè во четирите столба, во куполата, и во отсуството на пиластар.

Манастирот е првпат споменат писмено во 1536 година во турски извори, во кои се споменува игуменот Андрија. Најстариот зачуван предмет е типик на манастирот, кој потекнува од 1599 година. Денес се чува во епархиската библиотека во Арад, во Романија.

Кон крајот на XVII век, монасите пребегале во манастирот Ходош во Банат, а во 1738 година, во славонскиот манастир Пакра. Во текот на XVIII и XIX век, црквата била неколкупати поправана. Постоела манастирска школа од 1882 година, која ја посетувал и познатиот писател Петар Кочиќ.

Архитектура уреди

Гомионичката црква [1] е градба со купола, полукружна олтарска апсида и припрат. Сводовите внатре во црквата се потпираат на пиластри, а на дното има полукружно засведени премини, што на црквата и дава привидно тробродна основа.

Фрескопис и икони уреди

Фреските во црквата се со стилски одлики кои се налик на оние што во XVI век биле насликани во манастирот Грачаница, манастирот Ловница , во манастирот Студеница, и други. Во манастирот постои збирка на икони [2] од XVI до XIX век, како и стари ракописни и печатени книги од XIV — XVII век[3] и уметнички предмети.[4] Позлатениот сребрен крст од 1640 година е изработен од Стефан Ивановиќ Сарајевац од Сомбор, денес се наоѓа во Лондонскиот универзитет.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Манастирската црква“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2017-09-13.
  2. „Гомионичките икони“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2017-09-13.
  3. „Гомионички ракописи“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2017-09-13.
  4. „Гомионички предмети“. Архивирано од изворникот на 2012-02-11. Посетено на 2017-09-13.

Надворешни врски уреди