Малиот голем човек

„Малиот голем човек“ (англиски: Little Big Man) — филм на режисерот Артур Пен (Arthur Penn) од 1970 година. Автор на сценариото е Калдер Вилингем (Calder Willingham), а главните улоги ги играат: Дастин Хофман (Dustin Hoffman), Ејми Еклс (Aimee Eccles), Феј Данавеј (Faye Dunaway) и Поглаварот Ден Џорџ (Chief Dan George). Овој филм е еден од најзначајните ревизионистички вестерни од крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите. Тој се одликува со одлична режија и со повеќеслојна и умешна карактеризација на ликовите. Меѓу глумците особено се истакнува индијанскиот глумец Главатарот Ден Џорџ кој за својата улога бил номиниран за наградите „Оскар“ и „Златен глобус“.[1]

Синопсис уреди

Старецот Џек Креб (го игра Хофман) ја раскажува својата животна приказна: во детството, Индијанците му ги убиле родителите, а него го грабнало и го израснало едно индијанско племе; како момче, тој им се придружил на белците; подоцна, животот повторно го вратил во племето од неговото детство; еден ден, неговото племе било нападнато од белците...

Наводи уреди