Максанс Фермин (француски: Maxence Fermine), (1968, Албервил - ) е современ француски писател.

М.Фермин во Монпелје, 2011 година.

Животопис уреди

Максанс Фермин е роден во 1968 година во Албервил, а детството го поминал во Гренобл. Некое време престојувал во Париз и во Африка, по што се преселил во Савоја каде што живее денес. Покрај со пишување, Фермин има одредено искуство и како џез-гитарист.

Творештво уреди

 
М.Фермин во 2010 година.

Своето деби на литературната сцена Фермин го доживеал во 1999 година со својот краток роман Снег, со кој се стекнал со светска слава. Овој роман бил прифатен со воодушевување како од публиката, така и од критиката.

Творештвото на Фермин ги опфаќа следниве дела:[1][2]

  • Снег (роман), 1999
  • Црната виолина (роман), 1999
  • Пчеларот (роман), 2000
  • Мудростите и подигрувањата на Конфуциј, царот без царство (раскази), 2001
  • Опиум (роман), 2002
  • Билијар блуз (роман), 2003
  • Амазон (роман), 2004
  • Танго Масаи (роман), 2005
  • Лавиринт на времето (роман), 2006
  • Гробишта на ѕвездите (роман), 2007
  • Воените записи на Викторијан Марс (роман), 2008
  • Пеперутката од Сијам (роман), 2010
  • Рум Кариби (роман), 2011

Наводи уреди

<наводи>

  1. Владимир Мартиновски, „Рапсодија во бело“, во: Максанс Фермин, Снег. Скопје: ИЛИ-ИЛИ, 2005, стр. 81.
  2. Владимир Мартиновски, „Рапсодија во бело“, во: Максанс Фермин, Снег. Скопје: Младински културен центар, 2012, стр. 83.