Македонитминерал кој името го добил по Македонија. За првпат е откриен во пегматитско-хидротермалните жици што се јавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско. Македонитот по состав е PbTiO3, кристализира четириаголно и обично се јавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста сјајност. Во пегматитско-хидротермалните жици кај Алинци македонитот се јавува заедно со амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот[1].

Македонит
Внатрешна структура на македонитот
Општо
Категоријаминерал
ФормулаPbTiO3
Штрунцова класификација4.CC.35
Данина класификација4.3.6.1
Просторна групаP4/nmm
Единична ќелијаa = 3.90 Å, c = 4.18 Å Z=1 V=63.58 Å3
Распознавање
Бојацрна
Кристален системчетириаголен
Жилавостмногу кршлив
Цврстина на Мосовата скала6
Сјајстеклест
Проѕирностнепроѕирен
Специфична тежина7.82
Оптички својстваедноосен

Наводи уреди

  1. проф. д-р Блажо Боев: „Македонска Енциклопедија“, Македонит, Рударско-геолошки факултет, Штип, стр. 844, МАНУ, Скопје, 2009.

Надворешни врски уреди

  • Macedonite - сите особини на минералот