Лука Ќеловиќ бил еден од најбогатите луѓе во Србија во почетокот на XX век, водечки финансиер и еден од највлијателните Срби со потекло од Херцеговина, еден од основачите на Српскиот комитет на четничката акција и најголем добротвор на Белградскиот универзитет[1][2][3].

Лука Ќеловиќ
Роден 18 октомври 1854
Придворци, денес Република Српска, БиХ
Починал 15 август 1929
Белград, Србија

Животопис уреди

Тој е роден во селото Придворци кај Требиње, денешна Република Српска. Во 1875 година учествувал во Херцеговското востание. Потоа се вратил во Србија и учествувал во Српско-турската војна. По војната се посветил на трговија и стекнал големо богатство. Со својот пријател Милорад Гоѓевец го основал Српскиот комитет на четничката акција. Во текот на Борбата за Македонија бил главен финансиеер на четничките акции.

Меѓу другото бил и голем добротвор и член на друштвото „Свети Сава“. Бидејќи немал потомци целото свое богатство го оставил на Србија.

Извори уреди

  1. Мира Софронијевић: Лука Ћеловић - Требињац, највећи добротвор Београдског универзитета[мртва врска]
  2. „Лука Ћеловић (1854-1929), велики добротвор Београдског универзитета (биографија)“. Архивирано од изворникот 2006-09-24. Посетено на 2006-09-24.
  3. „Каталог изложбе Лука Ћеловић (1854-1929), велики добротвор Београдског универзитета“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2006-09-24. Посетено на 2006-09-24.